Актерот Џед Ален, кој во „Беверли Хилс“ ја играше улогата на таткото на Стив, почина на 85-годишна возраст.
Тажната вест на „Фејсбук“ ја објави неговиот син Рик Браун, кој напишал дека Џед починал мирно во сон.
Со големата тага ве известуваме дека почина мојот татко. Замина во мир, опкружен со семејството кое многу го сакаше, исто така како и неговите фанови. Ви благодарам на сите на изразеното сочуство. Џед Ален денес продолжи понатаму.Мислам дека беше еден од најголемите и сум благодарен што имав таков пријател во животот. Беше љубезен, напиша на „Фејсбук“ неговиот син Рик Браун.
Ален кариерата ја започна кога се појавил во сериите „Love of Life“ и „The Secret Storm“, а подоцна како Дон Крег во 1971 година се приклучи на екипата во серијата Days of Our Lives.
Својата слава ја стекна глумејќи во хит серијата „Беверли Хилс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.