Славниот британски актер Алберт Фини почина на 82 години по кусо боледување, соопшти неговото семејство.
Фини пет пати беше номиниран за Оскар, но не успеа да го освои. Првпат беше номиниран во 1964 година за главната улога во „Том Џонс“, а последната шанса ја имаше во 2001 за споредна улога во „Ерин Брокович“. Трипати беше награден со „Златен глобус“ и еднаш со „Еми“.
Пошироката публика особено го памети по улогата на детективот Еркул Поаро во оригиналната верзија на „Убиство во Ориент експрес“ од 1974 година, а последниот филм го сними во 2012, кога се појави во „Скајфол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.