Режисерот на „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, Ричард Донер, почина на 92-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија од неговото семејство.
Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 1970-тите и 80-тите. Заслужен е за зачнувањето на модерната ера на суперхеројски филмови, кога го режираше „Супермен“ со Кристофер Рив. Во тоа време, кога популарноста на филмовите со стрип-ликови сè уште не беше докажана пред публиката, такво нешто се сметаше за ризична авантура, поради големиот буџет за специјални ефекти.
„Супермен“, снимен 1978 година, имаше огромен комерцијален успех и стана филм со најголема заработка во Cеверна Америка – 300 милиони долари. Беше номиниран за четири Оскари и доби Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Донер подоцна водеше продукциска куќа со неговата сопруга Лорен Шулер Донер, која ги продуцираше „Икс-мен“ и „Ослободете го Вили“, меѓу другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.