Холивудскиот режисер Џоел Шумахер почина на 80 години во Њујорк, по тешката борба со ракот.
Шумахер зад себе има богата кариера. Адаптираше два романи на Џон Гришам, „Клиент“ и „Време за убиство“.
Негови режисерски дела се и кулните филмови „Оган на Свети Елмо“, Изгубени момчиња“ и „Тенка линија на смртта“. Освен тоа, Шумахер ги режираше и „Денот на лудило“, како и „8 Милиметри“, но на многумина ќе им остане најпознат како режисер на два филма за Бетмен.
Тој стои зад „Бетмен засекогаш“ од 1995 година, и „Бетмен и Робин“ – две години подоцна.
Тој доби и три нонимации за Оскар за филмот „Фантом од операта“ од 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.