Холивудската глумица Клорис Личман која во 1971 освои Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Последна кино престава“ почина ноќта кон четвртокот на 94-годишна возраст, пренесуваат Ројтерс, повикувајќи се на нејзината менаџерка. Клорис една од ретките којашто беше лаурат на низата престижни признанија како Оскар, Еми, Златен глобус и Бафта.
Според објавата, актерката починала од природна смрт во нејзиниот дом во калифорнискиот град Енсинитас.
Претставниците на филмската академија која ги доделува Оскарите, изразија сочувство по повод смртта на актерката.
„Клорис Личман беше легенда на комедијата (…) таа никогаш не престана да нѐ изненадува, одушевува и восхитува, се наведува во објавата на американската филмска академија на твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.