Актерот  Нед Бити, кој публиката најдобро го памети по улогите во филмовите „Ослободување“, „Супермен“ и „Мрежа“, почина на 83-годишна возраст.
Бити почина од природна смрт во неделата наутро во неговиот дом во Лос Анџелес меѓу членовите на семејството, изјавила неговата ќерка Блусм Бити за Холивуд репортер, а веста подоцна ја потврдија за медиумите и од неговата агенција Shelter Entertainment Group.

Роден во Луисвил, Кентаки, Бити ја започна својата кариера во театарот, а своето филмско деби го имаше во 1972 година во „Ослободување“, во кој играа Бурт Рејнолдс, Џон Војт и Рони Кокс.

Тоа е страшна приказна за четворица средовечни пријатели од голем град кои одат на рафтинг кану во руралниот дел на северна Џорџија, на јужните падини на планините Апалачи, сакајќи да ја почувствуваат дивата река за последен пат, само неколку дена пред да ја скроти хидроелектраната и да ја претвори во мирно, досадно езеро.

Тој беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Мрежа“ од 1976. година, а исто така го глумеше и Отис во „Супермен“ во 1978. година.
Бити зад себе ги остави сопругата Сандра Џонсон и осум деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEON (@wwwjustleon)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.