Славниот француски актер Жан-Пол Белмондо, почина на 88 годишна возраст.

„Беше многу слаб во последно време. Замина мирно“, рече неговиот адвокат Мишел Годест за „ФП“.

Белмондо глумеше во 80 филмови и остави зад себе незаборавни улоги. Славата ја стекна како актер на култниот филм „До последен ден“ на режисерот Жан-Лук Годар.

Белмондо беше една од најголемите филмски ѕвезди во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, заедно со својот колега Алаин Делон. Двајцата беа клучни фигури на филмовите од тој период, а Белмондо глумеше во филмови од сите жанрови.

Роден е во 1933 година во Париз. Низ младоста минал низ неколку приватни училишта, но не бил добар ученик. Бил спортист, конкретно го интересило бокс, па дури и настапил на три меча. Но, од таа кариера брзо се откажал со образложение дека „брзо му се менува лицето“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.