Актерот Роб Гарисон попознат како Томи од филмот „Карате кид“, почина на 59 годишна возраст.
Роб беше прекрасна личност и амбасадор на наследството на Карате кид – рекол негов близок соработник за „СиЕнЕн“.
Причината за смртта засега е непозната.
Роб се појавува во оригиналниот „Карате кид“ од 1984. година, а потоа и во второто продолжение од 1986. година. Улогата на Томи ја репризираше и во филмот „Кобра Каи“ снимен во 2019. година, а продуцентот на филмот се Џон Хурвитз се прости од актерот преку Твитер.
Ќе остане во нашите мисли секој ден и ќе се трудиме да го направиме горд – напиша Хурвитз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.