Американскиот актер, Чедвик Босман, кој се прослави со улогата во „Црниот пантер“, почина од рак на 43-годишна возраст.
Тој пичинал во својот дом, во присуство на неговото семејство.
На Босман му бил дијагностициран ракот пред четири години, но болеста на актерот не беше јавно објавена.
Босман се проби во филмскиот свет играјки улоги од реалниот живот, како што се безбол легендата Џеки Робинсон и соул пејачот Џејмс Браун.
Сепак, светска слава стекна со главната улога во „Црниот пантер“, блокбастерот од 2018 година, по која ќе остане запаметен. Во овој филм, Босман ја има улогата на владетел на Ваканда, фиктивна африканска нација која ја поседува најнапредната технологија на Планетата.
Освен што доби одлични критики и заразботи повеќе од 1,3 милијарди долари во кината ширум светот, филмот се смета за културна превртница поради тоа што речиси сите улоги ги играат Црнци, а има и црн режисер, Рајан Куглер.
Минатата година Босман изјави дека филмот го сменил сфаќањето за тоа што значи да се биде „млад, талентиран и црн“.
„Црниот пантер“ стана првиот филм за суперхерој што добил номинација за најдобар филм на Оскарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.