Српската глумица Даринка Дара Чалениќ почина ноќеска во 87 година после долга и тешка болест, соопштија од Кино Театар.

Чалениќ која на театарските сцени има одиграно повеќе од 40 главни улоги, сите ја памтиме по улогата на Дара во култниот филм „Жикина династија“ . Исто така, таа настапи и во “Поп Ќиро и поп Спиро“, а особено ќе ги памтиме нејзините реплики.

Даринка Чалениќ во 2006 години ја освои наградата „Стеријно позорје“, а во 1975 година беше наградена од „Авала филм“ за најдобра дебитантска улога во “Поп Ќиро и поп Спиро“.

Погребот на Дара Чалениќ ќе се одржи во Нови Сад, во кругот на најблиското семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.