Меѓународно реномираниот актер, Љуран Ахмети, ја изгуби борбата со корона вирусот.

Љуран (46) беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии.

Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“ како и едни од главните улоги во сериите „Kurtlar Vadisi – Pusu“, „Mutlu Ol Yeter“, „Guzel Gunler“, „Son Yaz Balkanlar“, „Bahar Dallari“, „Limonata“…

Ахмети со години беше составен дел на Народниот театар во Скопје.

Љуран Ахмети е син на познат писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.