Познатиот швајцарски актер Бруно Ганц денеска почина во неговиот дом во Цирих. Ганц имаше 77 години.

Актерот во 2015 година беше награден со „Камера 300“ на битолскиот фестивал „Манаки“.

Ганц се прослави во ’70-тите години на минатиот век со бројни филмски улоги, но најзапаметен ќе биде по улогата во „Downfall“ каде го портретираше Адолф Хитлер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.