Британскиот актер Бен Крос починал во Виена на 72-годишна возраст по кратко боледување, објави неговата ќерка, Лорин Крос на Фејсбук.

Со скршено срце ја споделувам со вас веста дека мојот мил татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе извесно време, но последните неколку недели неговата здравствена состојба се влоши – напиша Лорин.

Крос,најпознат по улогата на британскиот олимписки спортист Харолд Абрахамс во филмот „Огнени кочии“, за кој освои Оскар, е роден во Лондон во 1947 година.

Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.