Денес во раните утрински часови (по европско време) во Лос Анџелес на свечена церемонија по 76 пат беа доделени наградите Златен глобус, инаку според многумина втората најзначајна филмска награда по Оскарите.

Се работи за филмска награда која се доделува од страна на околу 95 странски дописници во Холивуд. Од 1970 година оваа награда се доделува и за најдобри телевизиски остварувања.Домаќини на годинешната церемонија беа актерите Сандра Ох и Енди Самберг.

Според американските медиуми оваа година поминала во знакот на многу изненадувања.Иако многумина очекуваа (барем според бројот на добиените номинации)дека главните награди во двете посебни категории (драма и мјузикл/ комедија) за најдобар филм ќе им припаднат на филмовите„ Вајс“ (6 номинации и „Ѕвездаtа е родена“ (пет номинации) , сепак тоа не се случи.Славеници оваа година се „ Боемска рапсодија“ и „ Зелената книга“.

Во категоријата најдобар филм –драма наградата Златен глобус му припадна на филмот „ Боемска рапсодија“на режисерот Брајан Сингер. Освен тоа носителот на главната улога Рами Малек ја доби наградата Златен глобус за најдобра улога во драма за толкувањето на ликот на фронтменот на групата „ Квин“ –Фреди Меркјури.

Тој при примањето на наградата им се заблагодарил на многумина но не и на режисерот Брајан Сингер со кого Малек не бил во најдобри односи за време на реализацијата на филмот.

Во категорија најдобра актерка во драма наградата Златен глобус и припадна на ветерантката Глен Клоуз за улогата во филмот „ Жена“ иако многумина очекувале дека во оваа категорија ќе победи Лејди Гага за улогата во филмот „ Ѕвездата е родена“.

Во категоријата најдобар филм мјузикл/ комедија е прогласен филмот „ Зелената книга“ на режисерот Питер Фарели.

Во категоријата најдобар актер во комедија/ мјузикл наградата за најдобар актер ја освои Кристијан Бејл за улогата во филмот „ Вајс“ („Заменик“) каде го портретира ликот на потпредседателот на САД Дик Чејни кога председател беше Џорџ Буш, чиј лик го толкува Сем Роквел.

Во женска конкуренција , наградата Златен глобус за најдобра улога и припадна на англиската актерката Оливија Колман за улогата во филмот „ Омилената“ на режисерот Јоргос Ланимос.

Наградата за најдобра споредна машка улога му припадна на актерот Махершала Али за улогата во филмот „ Зелената книга“ а за најдобра споредна улога наградата Златен глобус и припадна на актерката Реџина Кинг за улогата во филмот „Ако Бил Стрит може да зборува“

Наградата за најдобра режија му припадна на мексиканецот Алфонсо Куарон за филмот „ Рим“ кој ја освои и наградата во категоријата најдобар странски филм.

Наградата за најдобро сценарио им припадна на сценаристите за филот „ Зелената книга“ за најдобра музика е награден композиторот Џастин Хурвиц за музиката во филмот „ Првиот човек “ а за најдобра оригинална песна е прогласена “композицијата „Плиток “ во изведба на Лејди Гага од филмот „ Ѕвездата е родена“.

Во категоријата најдобар анимиран филм оваа година наградата ја освои филмот „Човекот пајак:Нов свет“ на компаниите Коламбија и Сони пикчерс.

Наградата за животно дело именувана според режисерот Сесил Б. Де Мил му е доделена на оскаровецот Џеф Бриџис.

Во категориите за телевизиски остварувања доделени се следните награди:

Најдобра тв серија – драма: „ Американци“

Најдобра тв серија- комедија:„ Методот Комински“

Најдобар актер во драмска серија:Ричард Маден за серијата “ Телохранител“

Најдобра актерка во драмска серија:Сандра Ох за серијата „ Убивањето на Ева“

Најдобра улога во комедија/ мјузукл за Мајкл Даглас за серијата „ Методот Комински“

Најдобра женска улога во комедија / мјузикл за Рејчел Броснахан за серијата „Прекрасната госпоѓа Маисел“

Најдобра мини серија: „Атентатот на Џани Версаче: американска приказна за криминал“

Наградите Златен глобус некои ги сметаат како предходница на оние кои влегуваат во трката по Оскари ачестопати се случува некој од добитниците на Златните глобуси да добие и Оскар .

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.