Анџелина Џоли и Бред Пит заради своите деца поминаа три часа заедно во канцеларијата на адвокатот во Лос Анџелес.

Иако некогаш беа омиле холивудска двојка, сега сакаа да се скријат од јавноста, а на состанокот успеале да ги фотографираат новинари од порталот Who.

Тие двајца не се видени заедно од септември 2016 година кога Анџелина ги предаде документите за развод, но извор запознат со ситуацијата тврди дека ова не е прв пат да се состанат, туку дека сега прв пат фотографите успеале да ги „фатат“.

Инаку, актерите беа во врска седум години пред да одлучат да се венчаат во 2014 година.

Ги имаат синот Медокс (17), Пакс (15), Нокс (10) и ќерките Шило (12), Вивиен (10) и Захара (14).

Додека ги решаваат деталите за завршување на нивниот брак, работно соработуваат и на пазарот ќе лансираат ново вино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.