Објавен е трејлерот за филмот „Ожени се за мене“ (Marry Me), во кој глумат Џенифер Лопез и Овен Вилсон.
Филмот ја следи пејачката Кат Валдез, која ја игра Лопез, која неколку минути пред свадбата дознала дека вереникот ја изневерува. Наместо тоа, Кет одлучува да се омажи за странец од публиката, Чарли.
Четириминутниот трејлер ги прикажува Кет и Чарли како се обидуваат да се вклопат еден со друг со оглед на нивните изразито различни светови. Чарли е професор по математика со мала ќерка и без сопруга, додека, пак, Кат е глобална поп ѕвезда и модна икона.
Судејќи според коментарите под трејлерот, луѓето се воодушевени од филмот, но и од Џенифер.
„Уште еден одличен филм со Џенифер“, „Едвај чекам“, „Ми недостигаат вакви филмови“, „Иако не сум љубител на романтични комедии, ова може да биде добро“, „Ова е се`“, „Па, таа е совршена“ – се само дел од коментарите.
Филмот во кината ќе се емитува на 11 февруари, само неколку дена пред Денот на вљубените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.