Телото на починатиот актер Метју Пери беше однесено од неговиот дом во Лос Анџелес, откако ѕвездата на „Пријатели“ беше пронајден мртов во неговото џакузи.
Телото на актерот беше однесено со комбе на судска медицина од влезната врата од неговиот дом.
Според првичните информации, Пери се удавил, иако официјалната причина за смртта не е објавена и се чека обдукција.
Истражителите пронашле антидепресиви на рецепт и апчиња против анксиозност во луксузниот дом на Пери, но велат дека не биле пронајдени нелегални лекови.
Актерот, познат по улогата на Чендлер Бинг на „Пријатели“, поседувал и лек на рецепт за хронична опструктивна белодробна болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.