Актерката Данијела Штајнфелд (37), која обвини дека на 7. мај 2012. ја силувал колегата Бранислав Лечиќ (66), тврди дека сексуалниот напад се случил во време кога таа и Лечиќ работеле на заеднички проект, на претставата„ Дневна заповед“ во која двајцата имале главни улоги.

Српскиот портал Kurir.rs. објави фотографии кои најверојатно настанале 2011 на пробата пред премиерата на „Дневна заповед“, кои се всушност единствени заеднички фотографии на Данијела и Бранислав.

Според актерката силувањето се случило шест месеци подоцна, а Лечиќ во неколку наврати јавно и со видео обраќање тврдеше дека немало сексуални односи меѓу нив ниту на сцената, ниту во животот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.