Лора Дерн го освои Оскарот за најдобра женска споредна улога во филмот „Приказна за бракот“ на 92. доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Ова беше трета номинација и прва победа за Дерн на која денеска и е роденден, така што наградата и е најубав роденденски подарок.

Дерн беше во конкуренција со Кејти Бејтс, Скарлет Јохансон,  Флоренс Пју и Марго Роби.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.