Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.

– Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се ​​приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно, напиша Харт неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објави статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд.

Американската академија за филм, која ги доделува наградите, ја потврди на Твитер одлуката за Харт и истакна дека многу се радува на реакцијата на 39-годишниот актер. Вообичаено, името на водителот на церемонијата го објавува самата Академија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.