Американската академија за филмски уметности и науки го објави списокот на актери и познати личности кои ќе бидат домаќини на 93. церемонија на доделувањето на Оскарите на 25 април во Долби Хол во Лос Анџелес.

На листата на презентери се наоѓаат големи актерски имиња како Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Џун-хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Матлин, Рита Морено и Зендеја.

Домаќин на Оскаровската вечер ќе биде Глен Вајс, познат експерт за ваков тип настани, а шоуто ќе биде изведено со помош на режисерот Стивен Содерберг, кој е одговорен за продукцијата.

Академијата објави дека 93. церемонија традиционално ќе се одржи во салата Долби во Лос Анџелес, но ќе има вклучувања и од други места.

Испратено е писмо до сите номинирани барајќи нивно физичко присуство на церемонијата.

Ќе се обидеме да обезбедиме пријатна и безбедна вечер за сите што ќе бидат физички присутни, како и за милиони љубители на филмот ширум светот – соопштија организаторите, додавајќи дека на самото место ќе има тестови за корона вирус.

Оваа година, филмот „Менк“ на Дејвид Финчер, во кој глуми Гери Олдман, е  фаворит за Оскар затоа што освои најмногу, односно 10 номинации за престижната филмска награда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.