Објавен е двоминутен трејлер од долгоочекуваната специјална епизода на серијата „Пријатели“ насловена „Friends: The Reunion“, што долго време ја очекуваат фановите на серијата.

Годината е 2002 година, четврток навечер и брзате да се вратите дома за да ја гледате најновата епизода од серијата „Пријатели“. Сега подгответе се да го сторите тоа повторно – се наведува во описот на трејлерот што го објави „HBO Max“ на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HBO Max (@hbomax)

Двоминутното видео открива дека специјалнaта епизода ќе има од сè по малку. Членовите на актерската екипа, предводени од Дејвид Швимер, одговараат на забавни прашања во врска со серијата и се присетуваат на деновите кога нивната серија беше најгледаниот проект на телевизија.

Џенифер Анинстон открива дека режисерот на серијата на која претходно работела изјавил дека „Пријатели“ нема да ја направи ѕвезда.

Долгоочекуваното обединување конечно пристигнува по неколку одложувања, а во истото ќе се појават и бројни ѕвезди како Дејвид Бекам, Џастин Бибер, Лејди Гаге, Рис Витерспун, Малала Јусафзаи и други.

Култната серија „Пријатели“ која заврши во 2004 година, беше една од најпопуларните ТВ серии во 90-тите години и заживеа на стриминг платформите како една од најгледаните серии низ целиот свет. Специјалната епизода ќе се емитува на 27 мај, на стриминг сервисот „HBO Max“.

Главните ликови на шесте пријатели што живеат во Њујорк во серијата ги играат  Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.