Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов.
Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.
ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.
Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.
Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен ЕМИЛ, ВРАТИ СЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.