Еден од најпознатите и најуспешни холивудски актери, Џони Деп е избришан од веројатно најпопуларната платформа за стриминг „Нетфликс“ во САД и во Австралија.

Како што објавија светските таблоиди, „Нетфликс“ одлучил да ги повлече сите филмови во кои глуми Деп, а причина за тоа било е неодамнешната одлука на Судот според која актерот е осуден за злоствување на бившата жена.

Деп го тужеше британскиот таблоид „Сан“ и неговиот извршен уредник Ден Вутон поради клевета во напис од 2018 година во кој го нарекол „човек која ја тепа својата жена“. Овој случај сенајде и пред Вишиот Суд во Лондон.

По две години судење, Деп го загуби спорот вреден два милиоини долари, но најави дека ќе се жали на пресудата. Набрзо потоа, глумецот остана без улога во познатиот филм „Фантастични ѕверови“.

Тогаш Деп на својот Инстаграм објасни дека од студиото „Ворнер борс“г о замолиле да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гриндевалд во тој филм

Прифатив и се согласив на тоа барање – напишал тогаш Деп.

По повлекувањето на Деп, „Ворнер брос“, брзо го заменија со Мадс Микелсен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.