Британската глумица Наоми Вотс периодов пристигнува во Словенија, каде што ќе го снима својот најнов снима филм во ски-центарот Крвавец.
Иако првично словенечките медиуми објавија дека пристигнала американската глумица Скарлет Јохансен, според новите информации, тоа всушност била Вотс.
Еден од менаџерите на ски-центарот, Лука Вранчиќ објави дека се во преговори со продукциска куќа, за снимање филм на странски јазик, од следната недела, па во следните 14 дена.
Вранчиќ додава дека снимањето на филмот нема да смета во работата на ски-центарот, но исто така и дека поради филмската екипа се зафатени сместувачките капацитети во зимското одморалиште.
Според филмската база на податоци – ИМДБ, Наоми Вотс во моментов ги снима драмите „Бескрајна бура“ (Infinite Storm) и „Огнена сезона“ (Тhе Burning Season). Следни филмови каде што тaa ќе глуми, се трилерот „Лејквуд“ и „Беше еднаш на Стејтен Ајленд“ (2021).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.