Бурак Озчивит и Фахрије Евџен во домашна изолација го прославија првиот роденден на синот Каран. На Инстаграм, гордата мајка објави фотографија со наследникот, со емотивна порака на која ретко кој остана рамнодушен
Мој Каран. Твојата насмевка е најубавиот звук кој било кога на светот го имам слушнато, твојот мирис е најубавиот мирис кој го имам почувствувано…Најсилното светло кое било кога го имам видено…Лицето ти е посветло од ѕвездите на небото и сонцето…Кога ми се смееш, во мене цвета цвеќе. Кога ќе се повредиш, се заглавуваш во моето срце. Се покажа дека си мое срце. Мое срце…Секогаш биди добар, мој Каране. И знај дека сум на твоја страна на тој долг пат. Ништо никогаш порано немало поголема смисла. Среќен роденден сине – порача актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.