Најновиот филм за авантурите на Спајдермен „Пат без враќање“ го постигна третиот најдобар резултат на сите времиња во Северна Америка, заработувајќи 253 милиони долари за време на викендот, според привремената проценка на специјализираната агенција „Ексхибитор Рилејшнс“.
Филмот, кој Холивуд и филмската индустрија со нетрпение го чекаа, го надминале само „Одмаздници: Крајна игра“ (357 милиони долари) и „Одмаздници: Бесконечна војна“ (258 милиони) во аналите на најгледаните филмови во САД и Канада во првиот викенд од прикажувањето, според веб-страницата на „Бокс Офис Моџо“, а според веб-страницата „Дедлајн“ ова е најгледаниот филм на „Сони“.
Спајдермен „Пат без враќање“ е третиот филм во кој популарниот „човек пајак“ го игра Британецот Том Холанд. И минатите изданија во кои Тоби Мегваер и Ендру Гарфилд ги носеа црвено-сини костими исто така доживеаја рекордна гледаност во кината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.