Режисерката и сценаристка Ана-Роуз Кинг почина по тригодишна битка со рак на белите дробови. Таа имаше 35 години.

Таа му беше ќерка на филмскиот продуцент Роџер Кинг, кој почина од мозочен удар во 2007 година. Ана-Роуз починала на 3 јануари, а семејството сега ѝ ја соопштува тажната вест на јавноста.

Позната е по проектите „American Viral“, „Spanish Rice“, „Kat & Eis“, „Crystal Sessions“, „The Actress“, „Stood Up“ и други. Основачка е и на фондација за борба протв ракот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.