Американскиот актер и продуцент Кирк Даглас почина на 103 годишна возраст, соопшти неговиот син Мајкл Даглас.
Со огромна тага, јас и моите браќа, ви соопштуваме дека Кирк Даглас денеска нè напушти на возраст од 103 години. За светот тој беше легенда, актер од златната дома на филмовите, кој доживеа златна возраст, хуманитарец чија посветеност на правдата и каузите во кои веруваше поставија стандард кон кој сите целевме.
Но, за мене и за моите браќа Џоел и Питер, тој беше едноставно Тато, за Катрин прекрасен свекор, за неговите внуци и правнук сакан дедо, а за неговата сопруга Ен прекрасен сопруг.
Животот на Кирк беше добро проживеан и тој остава филмско наследство што ќе остане и за генерациите кои доаѓаат и минато како прочуен филантроп кој работеше за да помогне на јавноста и да донесе мир на планетата.
Дозволете ми да завршам со зборовите што му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистина. Тато, те сакам многу и сум горд што сум твој син.
Кирк Даглас е роден 9 декември 1916 година. Играл во 95 играни филмови, а продуцирал повеќе од 30. Тој е добитник на почесен „Оскар“ за животно дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.