Музичката, филмската и телевизиската индустрија во Холивуд започнува со работа на 12 јуни. Гувернерот на Калифорнија Gavin Newsom во петокот изјави дека телевизиската и филмската продукција во Холивуд ќе продолжат со работа по неколкумесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Музиката, телевизијата и филмската продукција можат да продолжат да функционираат нормално во Калифорнија по 12 јуни 2020 година, објасни Newsom.
Тој додаде дека е многу важно членовите на телевизиските и филмски екипи да се придржуваат кон епидемиолошките мерки додека работат на сетови. Тој најави во вестите на крајот на мај дека Холивуд треба да се отвори наскоро, но ова беше одложено поради протестот заради убиството на Џорџ Флојд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.