Се наближува крајот на 4та сезона на турската серија „Забрането јаболко“ која се прикажува на  Канал 5 телевизија.

Крајот ќе има неочекуван расплет.

Имено, во последните неколку епизоди ќе има пресврт на настаните.

Братот на Шахика и поранешниот сопруг на Ендер Челиби, Каја Екенчи ќе се врати во серијата наводно да за и помогне на својата сестра која ќе сака да се разведе од Хасан Али, а за тоа ќе ја обвини Ендер.

Иако, Шахика ќе сака да го убеди Каја да и се одмазди на Ендер, сепак тоа нема да се случи.

Меѓу популарната двојка повторно ќе се родат емоциите, па тие на крајот ќе останат заедно, односно Ендер ќе го запроси Каја.

Од друга страна, Шахика ќе почине во серијата, односно ќе биде убиена од страна на Џансу која ќе сака да им се одмазди на сите, па кога ќе пука ќе ја погоди Шахика и таа ќе почине.

Хасан Али ќе подготвува интриги против Каја, па Ендер, Јилдиз и Каја ќе се здружат за да разоткријат Хасан Али.

Последната сезона ќе заврши така што две девојки маскирани во Јилдиз и Ендер ќе заминат во домот на Хасан Али да го отворат сефот, но кога ќе дојде тој ќе види дека не се тие.

Тогаш ќе се појават вистинските Ендер и Јилдиз, а епизодата завршува како експлодира бомба додека Ендер и Јилдиз се во куќата на претседателот Хасан Али.

Продукцијата најави и петта сезона која ќе започне во октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.