Американскиот актер, Метју Мекконахи, одбил понуда од 14,5 милиони долари, затоа што си ветил самиот на себе дека повеќе нема да снима романтични комедии.
Актерот ја открива таквата одлука во својата нова книга „Зелени светла“ (Greenlights).
Бев успешен актер, славна личност, филмска ѕвезда… Не морав да се грижам што ќе имам за јадење или дали имам за кирија, но мојот пат во кариерата, ликовите и филмовите што ми ги нудеа и ги глумев, веќе не ме задоволуваа. Љубовно-комичните ликови и световите во кои тие живееја, до толку ми здодеаја, небаре „одев в кревет со чешање на задникот, а се будев со смрдлив прст“ и тоа подолго време – пишува Мекконахи во мемоарите.
На почетокот на ова илјадалетие, Мекконахи стана познат по филмовите во кои глумеше со Џенифер Лопез во „Организаторка на свадби“ (2001), со Кејт Хадсон во „Како да го загубиш момчето за 10 дена“ (2003) и со Сара Џесика Паркер во „Неуспешно лансирање“ (2006). Тој немал ништо против тие филмови, но веднаш по нив, тој, како што пишува, добил поисполнет, подив и „пожив“ живот со неговата тогашна свршеница Камила.
Се смеев погласно, плачев посилно, љубев на големо, мразев подлабоко и чувствував повеќе како човекот од мојот живот, отколку како ликовите во тие филмови – пишува натаму актерот.
Кусо потоа добил понуда од пет милиони долари, која веднаш потоа прераснла во 10 милиони, 12,5 милиони, надградено сценарио, па на 14,5 милиони долари. Тој, под мотото „што ги еб** доларите“, ги одбил сите понуди.
Последни филмови каде што обожавателите можеа да го погледнат Метју Мекконахи, се трилерите од лани – „Спокој” (Serenity), „Господата“ (The Gentlemen) и комедијата „Скитникот од плажата“ (The Beach Bum).
Нареден негов проект е вториот дел од цртаниот мјузикл „Пеј!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.