Холивудскиот актер Мет Дилон завчеравечер пристигна во Србија како гостин на филмскиот фестивал „Кустендорф“ што од 11 до 16 јануари се одржува на Меќавник.

Актерот бил пречекан од основачот и уметничкиот директор на фестивалот, познатиот српски режисер Емир Кустурица. Како што пренесуваат српските медиуми, Дилон бил пречекан со леб и сол, но одбил да наздрави со ракија, бидејќи рекол дека не пие алкохол, но на новинарите им рекол дека никаде и никогаш немал ваков пречек.

-Јас сум голем обожавател на неговите филмови така што бев многу возбуден од самата идеја за доаѓањето тука. Му реков дека сигурно ќе дојдам ако ми дозволи распоредот. Се испадна како што треба и еве сум тука, изјавил тој на прашањето каква била неговата реакција по поканата од Кустурица за учество на фестивалот.

На прашањето, пак, дали се чувствува како филмска ѕвезда, Дилон одговорил дека не: „Јас сум само обичен човек, како и сите други луѓе“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.