Некогашната агентка на Меган Маркл тврди дека војвотката од Сасекс планира да се врати на глумата, кога за тоа ќе дојде момент – откако ќе изроди деца, никој нема да ја спречи во тоа.
Џина Немторп – Каун со години е филмски агент на војвотката од Сасекс, се додека не го запозна принцот Хари, а од бизнис соработката се роди пријателство.
Иако Меган престана да снима серии и филмови, судејќи според Џина, нејзината кариера се уште не е готова. Таа ја спореди војвотката со дивата Грејс Кели, која поради бракот со кнезот Рени III се откажа од филмската кариера.
Џина тврди, дека ако Меган одлучи да се врати во филмската индустрија, кралското семејство нема да може да ја спречи во тоа.
Сигурна сум дека ќе смини уште еден филм. Ако Меган посаkа да снима, таа ќе снима. Таа е одлучна жена, која знае што сака. Таа е современа жена, има слободна волја и таа е лидер, вели Џина за „Дејли мејл“.
Популарноста на Меган и донесе серијата “Suits”, но Џина тврди дека ако се врати, сопругата на принцот Хари ќе снима сериозни филмови.
Нема да биде несериозна каква што беше претходно. Всушност, таа е одлична актерка и дефинитивно ќе работи нешто сериозно“, објаснува менаџерката. Додава дека очекува Меган да се врати откако ќе роди деца.
Знам дека сака неколку деца. Ќе биде прекрасна мајка. Таа е толку грижлива и верувам дека Хари падна на таа особина“. заклучува Џина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.