Основачите на компанијата Фх3х, Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, кои во изминативе 25 години заеднички испишаа една од најуспешните претприемачки приказни во Македонија, го објавија спојувањето со светски познатата групација за визуелни ефекти – Синесајт (Cinesite) од
Лондон, Велика Британија.
Македонското студио за продукција на анимација и визуелни ефекти ФХ3Х годинава стана
дел од светската продукциска групација Cinesite “Star quality, without the attitude” – е мотото под кое ги знаеме ФХ3Х, со кое нагласуваат дека квалитетот кој излегува оттаму е врвен светски, без „дива„ односот кој во Холивуд е најголемиот грев. Според Кристијан Даниловски „влезот во Синесајт е природен следен чекор во еволутивниот развој на ФХ3Х, чиј тим со многу
креативност, упорност и посветеност успеа да стигне и да опстои на Холивудскиот пазар и
во своето портфолио да ги вкнижи дури и најпознатите филмски блокбастери“.
Момците уште еднаш го потврдија својот квалитет: своите клиенти Cinesite, ги претворија
во свои партнери и станаа дел од светската продукциска групација.
Работејќи заедно ќе можеме да им понудиме уште подобри услуги на нашите клиенти, во
поголем обем и воедно и телевизиски серии и играни филмови. Низ соработката со ФХ3Х
последниве неколку години, искусивме одлична работна етика и квалитет кој сме
восхитени да им го понудиме како наш интегрален дел на нашите клиенти, на кои ќе
можеме да им го исполниме барањето на постојан раст на квалитетот на визуелните
ефекти„ – изјави Ентони Хант, извршен директор на групацијата Cinesite.
Господинот Ентони Хант, истакна големо задоволство од склученото партнерството со
Фх3х, од кое очекува дека значајно ќе ги зголеми глобалните капацитети на компанијата
преку вклучување во тимот на Синесајт квалитетни менаџери, продуценти и искусен и
остроумен креативен талент.
Сакам да истакнам дека индустријата на визуелни ефекти е една од ретките која бара спој на напредни компјутерски вештини и уметнички знаења и талент и оттука и нашиот интерес да дадеме доверба токму на Фх3х за градење на пазарот во Југоисточна Европа имајќи во предвид дека успешно успеваат да препознаат и изградат ваков кадар.
Синесајт е едно од најпознатите светски студија за визуелни ефекти со канцеларии во
Англија, Германија и Канада. Според основачите на Фх3х оваа соработка ќе отвори многу
нови можности и за ФХ3Х како компанија, но и за вработените кои ќе можат да работат на
уште повозбудливи проекти, како и да стекнуваат и споделуваат знаења и искуства и со
своите колеги од другите локации во рамки на групацијата. Дополнително, ќе понуди многу
можности за младите кои сакаат од Македонија да започнат да градат светска кариера во
оваа индустрија.
Со Кристијан сме горди со фактот каде стигна ФХ3Х со помош наневеројатниот талент на нашите артисти. Со Синесајт соработувавме и претходно, но здружувањето на силите ќе ни овозможи да го оствариме полниот потенцијал на нашиот бизнис и талентираната домашна работна сила со која располагаме во регионов. Нашето парнерство ќе има значаен позитивен ефект брз индустријата на продукција на визуелни ефекти во Македонија и цел регион, вели Ѓорѓевиќ.
Филмовите на кои последно работеше ФХ3Х се: The Man who fell to Earth, Moon Knight,
Sonic the Hedgehog 2 и Dr. Strange in the Multiverse of Madness.
Никогаш досега не сум го имал луксузот да смеам да откријам на што работиме, бевме на
друго ниво во светската продукција на визуелни ефекти. Со квалитетот кој нашиот тим го создава, стигнавме до ново ниво, и ми причинува необјасниво задоволство да Ви
соопштам дека филмовите на кои се работи во моментов се: Indiana Jones 5, Crater, Star
Trek: Strange New Worlds втора сезона, Star Trek: Picard трета сезона, Peter Pan and Wendy,
Vikings Valhalla, и Strays, истакна Кристијан Даниловски.
Миливоје Ѓорѓевиќ најави дека компанијата многу наскоро започнува со интензивни обуки
на 60 кандидати кои очекува за 6 месеци да станат дел од тимот на Фх3х Синесајт. „За
овие обуки Фх3х и Синесајт обезбедија 60 стипендии за да им дадат шанса на младите кои
имаат најголем талент и елан за работа во оваа професија, без притоа професионалното
остручување да им претставува голем финансиски товар“.
Задржувајќи го брендот на ФХ3Х, една од активностите која Cinesite ќе ја поддржи е VFX
Nest, во која македонските студенти ќе ги научат алатките и техниките кои ќе ги применат
во работата на Холивудските проекти кои тековно се работат. Оваа програма ќе трае од
септември до јануари 2023 и ќе ја посетуваат 60 студенти.
Како следни чекори менаџментот на Фх3х и Синесајт најави континуирано зголемување на
капацитетите во Македонија со најмалку 120 новообучени кадри годишно, а дополнително
веќе се работи на проширување на капацитетите и во соседна Србија, со цел компанијата
спремно да одговори на најновите барања на филмската индустрија кои подразбираат
континуирано зголемување на обемот и квалитетот на визуелни ефекти.
Аплицирање за стипендирана обука за вработување сите заинтересирани можат да
направат на следниот линк: https://bit.ly/Fx3xCinesiteStipendiiObuka
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.