Нашата земја е најпребарувана локација поврзана на наградите „Оскар“ во моментов на „Гугл“, што се должи на „Медена земја“, кој е номиниран во две категории.

Татковината на номинираниот за „Оскар“, „Медена земја“ е топ место на Земјата, според пребарувањата за наградите, се наведува во твитот на твитер-налогот на „Гугл трендс“.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е првиот македонски филм со две номинации за Оскар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.