Обединета македонска дијаспора, една од најголемите организации на Македонците во САД, организира настан во Вашингтон по повод доделување на филмската награда „Оскар“ за која е номинаран и нашиот документарен филм „Медена земја“.

Во соопштение за јавоста испратено денеска, ОМД ги поканува Македонците во Вашинтон да дојдат на настанот на кој оскаровската вечер ќе се прикажува во живо и заедно да дадат подршка и охрабрување за „Медена земја“. Церемонијата со доделување на наградите Оскар се одржува в недела во Лос Анѓелес.

Настанот ќе биде одбележан со изложба на фотографии од фестивалот Галичка свадба од фотографот Дејан Станковски и ќе се служи македонска храна и вино, се вели во соопштението.

За првпат во историјата на македонската кинематографија, наш филм е номиниран во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.