Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас наводно се разведуваат и тоа поради голема разлика во годините, објавуваат американските таблоиди.

Тие се во брак 20 години, а се зборува дека Мајкл смета дека на сопругата ѝ станал здодевен.

Љубовта која еден кон друг ја чувствувале со години изгледа дека повеќе не е доволна за бракот да опстои. Како главна причина за несогласувањата, предизвикана од годините, е тоа што актерот дошол до фаза во животот кога наводно сака да се смири и да го забави темпото на живот. Од друга страна, 25 години помладата Кетрин и понатаму има доста сила и многу амбициозно ја гради својата филмска кариера – вели извор близк до двојката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.