Остануваат часови до врачувањето на најпрестижните филмски награди. Медиумите предвидуваат за тоа што ќе носат sвездите, како ќе се појават на црвениот тепих, кој ќе победи… Некои дури предвидуваат дека најголемото изненадување на годинешната церемонија во Лос Анџелес ќе биде присуството на Меган Маркл и Принц Хари.

Велат дека за Меган, која планира да се врати на филмот, ова би било логичен потег. Поранешната актерка би можела да ја искористи својата нова позиција да покаже стил и класа, и да ја потврди нејзината најава да ја продолжи кариерата во кино.

38-годишната Кејт Мидлтон и 37-годишниот принц Вилијам беа специјални гости на доделувањето на наградите БАФТА, кои се нарекуваат британска верзија на Оскарите.

Кејт блесна на црвениот тепих и скоро ги засени останатите дами со тоалетот во бело и златно.

Меган и Хари се очекува да го сторат истото, но во Холивуд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.