Мадалина Генеа (33), која многумина ја нарекуваат најубава жена на светот, се појави на премиерата на филмот House of Gucci, и блесна како вистинска ѕвезда во секој сегмент.
Мадалина која живее и работи во Италија, е мајка на ќеркичката Шарлот. Таа е модел и актерка. Џералд Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо не можеле да одолеат на нејзиниот шарм.
Убавата Мадалина, која го толкува ликот на Софија Лорен, на црвениот тепих блесна во црн долг фустан кој одлично и прилегаше.
Фустанот кој ја следи линијата на нејзиното тело со нагласено деколте има долен дел кој раскошен. Целиот впечаток е навистина величенствен, а нејзиниот фустан изгледаше совршено.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.