Приказната за Вера Фотева, една од најинтригантните женски фигури во македонската револуционерна историја, во играно-документарна верзија, во филмот „Луѓе без земја“ ќе биде прикажана во петок, 1 мај, во 20.10 часот на „Телма“.
Филмот е во режија на Марко Ѓоковиќ, работен по сценарио на Атанас Кировски, и во продукција на Кировски и Сашо Пешев.
Во „Луѓе во земја“, револуционерката Фотева чие вистинско име е Евдокија Балева го дава своето последно сведоштво за филмската екипа, пред да почине во 2011. Својата драматична животна приказна, Фотева ја раскажува низ сеќавањата за импликациите од судирот меѓу Тито и Сталин врз македонското движење за време на Граѓанската војна во Грција. Филмот ги прикажува нејзините животни предизвици и борби за време на конфликтот, голготата низ која минала во логорите во Албанија и гулаците во Сибир, како и престојот во московските затвори Лефортовскаја Тјурма и Лубјанка.
Покрај автентичните, лични сведоштва на хероината од НОБ, филмот е надополнет и со игран дел во кој актерката Верица Недевска ја портретира Фотева додека во другите улоги се појавуваат: Емил Рубен, Милан Тоциновски, Горан Трифуновски, Наџи Шабан, Димитар Доксевски, Гоце Влахов и Марина Поп Панкова.
Овој 60-минутен проект за првпат беше прикажан на Интернационалниот фестивал на европски филм „Синедејс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.