Актерот и првак на Народниот театар, Борис Комнениќ почина во 64 година, после долга и тешка болест.

Еdна од улогите кои го одбележаа неговиот живот е ликот на Саша Гуза Попадиќ во култната серија „Подобар живот“.

Сепак малку кој знае дека оваа улога прво била наменета за актерот Жарко Лаушевиќ. Тој тогаш ја одбил таа улога, бидејќи бил ангажиран за снимање на филмот Офицер со ружа.

Жарко го сакаа за улогата на Саша. Меѓутоа термините за снимање на серијата се преклопуваа со филмот, а тој не можеше паралелено да работи на два фронта. Лауш имаше 27 години и беше идеален да игра адвокат и најстар син во серијата. Борис, дури по одлуката на Жарко да ја врати улогата, беше избран како најдобро решение – раскажала своевремено пријателка на Лаушевиќ, која тогаш работела како испомош на серијата Подобар живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.