Големиот српски актер Марко Николиќ вчера почина во 72-та година од животот. Беше најпознат како Гига Моравац од серијата „Подобар живот“.
Актерката Лидија Вукичевиќ, популарната Виолета од серијата на својот Инстаграм профил се прости од Марко Николиќ кој беше нејзин „телевизиски татко“.
„ Сигурна сум дека смртта е само видлив прекин на љубовта. Те сакам Гиго и секогаш ќе го сакам мојот телевизиски татко“ – напиша под фотографијата каде е собрана фамилијата Попадиќ од „Подобар живот“.
Инаку, улогата на Виолета Попадиќ и ја донесе најголемата слава на Лидија Вукиќевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.