Леди Гага носеше ѓердан вреден пет милиони долари на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Таа освои една награда за филмот „Ѕвезда е родена“.

Освен импресивниот фустан на „Валентино“, на поп дивата се истакнуваше и дијамантскиот ѓердан од пет милиони долари, што специјално за неа беше направен од „Тифани“. Тој се состои од повеќе од 300 дијаманти и од 20-каратен камен во средина. Таа го дополни својот изглед со обетки од дијаманти и платина од 115.000 долари и со комплет дијамантски бразлетни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.