Леди Гага призна дека интимниот настап со Бредли Купер на Оскарите во неделата бил само глума.
Неколку дена откако освои оскар за најдобра песна за „Плитко“, Гага гостуваше во шоуто на Џими Кимел и таму зборуваше за својот незаборавен настап со колегата од „Ѕвезда е родена“, за кој многумина кажаа дека бил преинтимен и преромантичен.
Сето тоа беше глума. Луѓето видоа љубов и тоа е токму оние што ние сакавме тие да видат. ‘Плитко‘ е љубовна песна, ‘Ѕвезда е родена‘ е љубовна приказна. За нас беше многу важно да бидеме поврзани цело време. Кога пееш љубовна песна, сакаш луѓето така и да ја почувствуваат. Јас и Бредли сме уметници и мислам дека добро си ја завршивме работата, изјави 32-годишната поп ѕвезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.