Омилениот лик од турската серија “Истанбулската невеста“ Назив ја открива својата животна приказна.

Куќниот помошник Назив, од турската серија “Истанбулската невеста“ , кој во еден момент без посебна причина може да почне да плаче од тага, а веќе во друг момент може да игра танц и заразно да се смее, младиот актер Мухарем Турксевен, стана звезда во серијата.

Многу е тешко да ја насмееш публиката. Оној кој ќе успее да го направи тоа, може да ја одигра секоја улога, да ја расплачеш публиката е многу лесно. Ги сакам комедиите, но себеси не можам да се ставам во категоријата на комичари. Јас сум глумец. Еднаш ја засмејувам публиката, друг пат ја расплакувам. Но сите ми кажуваат дека комедијата повеќе ми лежи – открива Мухарем во едно интервју.

Сeмејството на Мухарем, а особено неговата мајка не го поддржувала неговиот сон да стане глумец.Но тој тоа премногу го сакал и решил да замине во Истанбул да си го оствари својот сон. Бил принуден да ги лаже своите родители дека студира медицина.

На Мухарем му се насмевнала среќата и по некое време успеал да добие стипендија на Универзитетот за глума во Истанбул. Во истиот момент и се јавил на неговата мајка, а таа со неверување му честитала и веднаш заплакала од радост, а потоа се извинила за тоа што не верувала во неговите соништа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.