Во Белград во понеделникот навечер почина актерот Боривоје Бора Кандиќ. Беше надежен актер, но животните околности го натерале последните години да живее анонимно, работејќи во една кафеана на Зелен Венец.

Смртта на Бора била очекувана, дури и самиот знaeл дека ќе умре.

Последен пат се видовме пред седум-осум дена. Тогаш ми рече дека умира, ама тоа постoјано го зборуваше. Овојпат беше во право. Последен пат во пивницата беше во четврток, пријател го однесе до станот, бидејќи не можеше да застане на знозе од болки. Изгледа имаше сепса. Бидејќи немаше никого, ние ќе го организираме погребот – со треперлив глас рекол неговиот пријател, Небојша Иванишевиќ.

Она што на Бора му беше најдраго, беше неговото куче Драгана, кое на некој начин и ги известила соседите дека актерот починал, бидејќи лаело без престан.

Нему кучето му беше се. На влезната врата пишуваше Бора и Драгана Кандиќ, а Драгана е кучето. Неа ја третираше како ќерка. Поради кучето разбравме дека починал, бидејќи не престануваше да завива. Беше навикната да ја носи надвор навечер – рекол Иванишевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.