Познатиот американски глумец, Куба Гудинг Џуниор, пред судот во Менхетен се изјасни виновен за три обвиненија за сексуален напад.

Во обвинението, еден од престапите е опишан како „насилно допирање“. Досега оскаровецот ги отфрлаше обвинувањата, а неговата одбрана тврдеше дека бил неправедно обвинет во екот на движењето „#MeToo“ против сексуалното насилство во Холивуд.

Гудинг (54) се изјасни за виновен за насилно допирање, а исто така и за два случаи на „контакт без согласност“ од октомври 2018 и јуни 2019 година.

Според договорот со судот, Гудинг мора да продолжи со лекувањето на неговата зависност од алкохол и околу управувањето со гневот, кое го почна 2019 година. Доколку не покаже агресија следниве шест месеци, може да побара затворање на случајот.

Гудинг беше уапсен во јуни 2019 година, откако 29-годишна жена го обвини дека ја допирал по градите во бар на „Тајмс сквер“. И две други жени подоцна го обвинија актерот за сексуален напад, од кои едниот се случил во ноќен клуб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.