Младата македонска актерка Јана Стојановска во септември првпат се оствари во улогата на мајка, кога на свет го донесе синчето Ненад.

Јана, се породи во седмиот месец од бременоста, кога престојувала во Романија каде што нејзиниот сопруг, Андрија Бојиќ бил ангажиран за кошаркарски клуб.

Јана на своето синче го даде името Ненад, по нејзиниот починат татко, aктерската легенда Ненад Стојановски. Стојановска тогаш раскажа што се случило пред неколку месеци.

Актерката периодов ужива во мајчините денови и во новогодишните празници кои и се исполнети со малиот Ненад.

Стојановска на социјалните мрежи објави фотографија од лиценцето на синчето кое е преслатко и со крупни очиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.