Американската академија за филмски науки, којашто е организатор на доделувањето на наградите Оскар, денеска најави дека, поради престанокот на работа на кината при корона-пандемијата, само филмовите кои се прикажуваат на стрим-платформите ќе бидат во конкуренција за Оскарот следната година.

Досега филмовите можеа да конкурираат за Оскарите под услов – најмалку седум дена прикажување во кино во Лос Анџелес или ширум САД. Но, поради пандемијата на новиот коронавирус, кината не работат, а сите премиери се откажани.

Најголемите американски дистрибутери АМЦ, Регал и Синемарк, соопштија дека не очекуваат повторно отворање на киносалите пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Следното доделување на Оскарите е најавено за 28 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.